Колку луѓе онлајн ја гледаа Модната недела во Париз?

20 ноември 2020

Пандемијата на Ковид-19 наметна нови начини на комуникација и тек на работата. За модните недели тоа значеше премин на онлајн платформите. 

Тимот на „Париската модна комора“ неодамна соопшти резултати за тоа колку била следена модната недела во Париз, за сезона пролет-лето 21, особено имајќи предвид дека интернационалните новинари, инфлуенсерите, како и познатите личности не можеа да присуствуваат лично, а прашање е колкумина од нив би сакале да уживаат во модно шоу онлајн.

Според нивните податоци, a видеата што брендовите ги пласираа како презентација на новите колекции - кратки филмови, микс на класично емитување на ревија и други формати, „собрале“ 135 милиони прегледи на „Јутјуб“.

Прегледите на кинеските платформи пак, заостануваат во поглед на европските, па така на „ Weibo“, „Tencent“ „WeChat“ модните шоу-а ги следеле 18.5 милиони гледали.

Од комората најавија дека машката модна недела е закажана за 19 до 24 јануари, и онаа за Висока мода од 25 до 28 јануари, кои како што стојат сега работите, ќе се одвиваат исто така онлајн.

Објавено:
20 ноември 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
106 пати