Колоритна и супер моќна кампања на Дијан Фон Фурстенберг

2 февруари 2016

Карли Клос направи пауза од нејзините студии за да ја сними новата колоритна кампања на нејзината пријателка Дијан Фон Фурстенберг. 

Покрај тоа што кампањата е одлична, истата има супер порака до сите жени на кои Карли им порачува секогаш да бидат свои како што е таа. 

„Дијан отсекогаш е многу значајна фигура во мојот живот. Таа ја претставува жената која јас некогаш сакам да бидам. Дијан беше неверојатен ментор за мене, но и пријател кој секогаш ме подржуваше во што и да правев, ме охрабруваше и ме предизвикуваше да пробувам нови работи за кои сметав дека никогаш не се возможни“, изјави Карли за време на снимањето на кампањата. 

За истата, искористен е хаштагот #youbeyou со што на одличен начин се слави моќта на жената и се праќа супер порака секогаш да бидеме она што сме и она што всушност сакаме да бидеме како жени. 

Во продолжение, погледнете го одличното видео што манекенката го сними за модната куќа. 

Објавено:
2 февруари 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
405 пати