Конференција на тема „Третманот на фотографските архиви – потенцијали и предизвици“

12 декември 2013

На 9-ти и 10-ти декември во Kинотека на Македонија се одржа конференција  на тема “Третманот на фотографските архиви – потенцијали и предизвици“ на која дискутираа професионалци инволвирани во тематиката.

Конференцијата се одржа во рамките на проектот “Фотографијата – сведок или жртва“ кој е поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје. Како учесници свои излагања имаа: Роберт Јанкулоски, Дијана Томиќ Радевска, Марија Пандевска, Игор Старделов, Ацо Кимовски, Лидија Пајевиќ и Херман Маес (Холандија).

Објавено:
12 декември 2013
Категорија: 
Актуел