Контроверзни насловни страни

9 април 2014

Контроверзните насловни страни иако се најдобро решение за популарност без разлика дали тоа ќе биде во позитивна или негативна конотација. Бројот на продадени примероци и коментарите кои ќе ги предизвика самата насловна страна се дефинитивно најголемата реклама. Во продолжение погледнете кои се десетте насловни страни кои привлекле навистина големо внимание.

Магазинот Vogue, април 2008 година

Американскиот Вог сакаше да истакне дека е против расистичката дискриминација ставајќи го на насловната страна кошаркарот Леброн Џејмс, како прв црномурест маж кој се нашол на коверот на овој магазин. Сепак фотографијата со Жизел Бундшен повеќе наликуваше како Кинг Конг да држи убавица во своите раце.

Магазинот Purple, пролет 2010 година

Со самиот факт дека станува збор за соработка помеѓу контроверзниот фотограф Тери Ричардсон и проблематичната Линзи Лохан, резултатот е повеќе од јасен. Концептот за претставување на Линзи распната како Исус Христос беше навистина катастрофален чекор за популарноста на магазинот.

Магазинот W, ноември 2010 година

Кога Ким Кардашијан се појави на насловната страна на овој магазин предизвика голем број реакции не само поради голотијата, туку поради неадекватниот концепт, кој воопшто немаше ниту модна, ниту уметничка конотација. Барбара Кругер се погрижи да вметне интересен слоган прекривајќи ги интимните делови на старлетата.

Магазинот Candy, zima 2010/11

Насловена како првата насловна страна која која ги слави трансексуалноста и андрогеноста, предизвика лавина на реакции поради тоа што на насловната страна беше ставен Џејмс Франко, но со претерана шминка на себе.

Vogue Hommes Јапонија, септември 2011 година

Оваа насловна страна беше контроверзна поради две работи – Лејди Гага го претстави своето машко алтер его под името Jo Calderone и второ поради јавното признавање на пејачката за страста кон сировото месо. Фотографијата со наслов „Гола вистина“ е дело на Тери Ричардсон.

Магазинот Dossier, бр.7, 2011 година

Кога андрогениот модел Андреј Пејиќ се појави раскопчан на насловната страна на магазинот, голем број американски книжарници изразија револт бидејќи на луѓето им било непријатно да гледаат машко торзо  и женско лице и дека ваквата спојка предизвикува згрозување.

Магазинот Dazed and Confused, септември 2012 година

Хип – хоп ѕвездата Азелија Бенкс се појави на насловната страна на овој магазин дувајќи во розов кондом, а оваа фотографија придонесе септемврискиот број да биде забранет во дури седум земји.

Магазинот V, број 82, 2013 година

Кејт Мос и Ријана се појави во две различни изданија на насловната страна на магазинот и тоа во две улоги – со и без облека. Авторот на ова дело е Марио Тестино, а интересната спојка придонесе овој број на магазинот V да биде вонсериски популарен и сексипилен.

Магазинот V, број 83, 2013 година

Досега навикнавме Мајли Сајрус да ја гледаме во секакви изданија, но оваа насловна страна го започна трендот по кој денес е позната пејачката. Насловот на фотографијата е „The Emancipation of Miley“, а шокантниот спот за песната Wrecking Ball се појави кратко по оваа насловна страна.

Магазинот Candy,  зима 2013/14

Лејди Гага е позната по контроверзните спотови и аутфити, а насловните страни не се некој новитет. Овој пат за насловната страна на магазинот Candy позираше делумно гола, и дел во елегантна бунда. Сепак обидот да се оживеат делата на Салвадор Дали преку ваков потег, заврши неславно.

Објавено:
9 април 2014
Категорија: 
Актуел