Копија или не -уште едно модно дежа ву од Париската модна недела?!

30 септември 2014

Несвојствено е на модните недели да почувствуваме модно дежа ву од изгледите на писта. Но, понекогаш дизајнерите се „инспирираат“ едни од други, а тоа резултира со случај како од шоуто на Емануел Унгаро. Поточно станува збор за реакција од ПР агентот на модната куќа Дона Каран Њујорк, во чие соопштени гласи дека на неодамна прикажаната колекција на Емануел Унгаро не писта се појавила копија на креација од есен-зима колекцијата за 2014 на Дона Каран прикажана на Њујоршката модна недела.

Емануел Унгаро(лево) Дона Каран Њујорк(десно) Емануел Унгаро(лево)
Дона Каран Њујорк(десно)

-Црвениот фустан со длабоко V деколте и специфични ракави кои се спуштаат од рамениците, е многу сличен на оној што претходно беше прикажан од ревијата на Дона Каран Њујорк, кога на писта го носеше манекенката Карли Клос.

Ова не е првиот случај со копија на креација од Париската модна недела. Пред само неколку дена од ревијата на Балман, дизајнерот Оливие прикажа бел специфичен костим кој речиси во целост потсетуваше на оној од Александар Меквин за Живанши од 1997 година.

Објавено:
30 септември 2014
Категорија: 
Актуел