Короната го намали и луксузот: Најскапите чанти во светот сега дупло поевтини

20 јули 2020

Ни луксузот не остана имун на кризата со Ковид-19. Како пренесува „Харперс Базар“, аналитичарите на компанијата „Knight Frank“ пресметале дека цената на легендарните „Ермес“ колекционерски чанти паднала за точно два пати, додека побарувачката речиси и да останала иста.

Во текот на изминатите три години, редовно се ажурирала евиденцијата на цената на чантите на аукции, во кои инфлуенсерите имале важна улога. Посебен интерес имало за моделите „So Black“, „Birkin“  и „Hermes Lizard Ombre“.

Сепак, и овој пазар не е веќе стабилен. Од оваа гранка велат дека колекционерите што досега често купувале на аукции разни производи, отсега (ќе) ги купуваат само оние во одлична состојба. Поради карантинските услови, не е возможно лично да се прегледаат чантите, па аналитичарите сметаат дека и оваа околност прилично влијаела на наглиот пад на цените.

Чантата „Hermès Himalaya Birki“ од лимитираната колекција најчесто е продавана по цена поголема од 200.000 долари, но од 1 јуни нејзината цена изнесува од 85.000 до 100.000 долари. И покрај намалување на цената за 50 отсто, сепак сè уште нема свој купувач.

 

 

 

Објавено:
20 јули 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
536 пати