Костимите во новиот филм за Лејди Ди ќе бидат фантастични!

20 октомври 2021

... Ова го велат странските модни медиуми, кои со нетрпение го очекуваат остварувањето.

Новиот филм „Спенсер“ посветен на животот на принцезата Дајана за нешто повеќе од две недели ќе ја доживее својата премиера.

Во главната улога е Кристен Стјуарт за која се полемизираше дали е вистинскиот избор. Тоа ќе го видиме наскоро, како и костимите за кои беше ангажирана Жаклин Дуран.

Таа има дури седум номинации за „Оскар“ и два освоени и тоа за „Ана Каренина“ во 2012 и „Малите жени“ во 2019 година.  За истите остварувања освоила и Бафта награда, за која била номинирана девет пати.

Се очекува модната куќа „Шанел“ да биде прилично застапена, ако се земе предвид дека Стјуарт е и долгогодишно заштитно лице на истата, но и тоа дека на првите фотографии и во видеото видовме веќе неколку винтиџ „Шанел“ креации.

Инаку, за постерот на филмот, Кристен Стјуарт носи свечен бел фустан кој потсетува на една од колекцијата на Шанел за Висока мода од 1988 година, која Дајана ја носеше во една пригода. 

За потребите на филмот, фустанот е повторно направен во ателјето на француската модна куќа, а  на истиот работеле пет кројачи и им било потребно 1.034 часа да ја завршат. 

На првата фотографија која беше претставена, Стјуарт исто така носи „Шанел“. Се работи за црвен капут од твид од есенската колекција од 1988 година.

Инаку, приказната од филмот ќе го следи животот на Дајана од божиќните празници во 1991 година и одлуката да се разведе од принцот Чарлс.

Модните стручњаци велат дека по разделбата нејзиниот стил еволуирал на едно сосема ново ниво, а тоа ќе биде и претставено во филмот.

<

p> 

Објавено:
20 октомври 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
529 пати