Кралицата Елизабета ја зголеми продажбата на парчињата во неонски бои

1 јули 2016

Откако кралицата Елизабета на официјалната прослава за нејзиниот 90-ти роденден се појави во костум во интензивно зелена боја, драстично се зголеми продажбата на парчиња во неонски бои.

Како што соопштуваат од компанијата „JD Williams", продажбата на парчиња во изразито зелена боја се зголемила дури за 134%, откако кралицата одбрала аутфит во истата боја за нејзиниот јубилеен роденден.

„Кралицата Елизабета несомнено е пример за тоа дека возраста не ги ограничува модата и стилот. Иако неонските бои се вообичаени за стилот на тинејџерите или 20-годишните, сепак таа создаде вистински тренд од овие бои независно за која возраст се работи", изјави за The Telegraph, Сузи Бурнс, лице за односи со јавност на „JD Williams".

Инаку, кралицата Елизабета често може да ја видиме во монохроматски комбинации што вклучуваат впечатливи бои и тоа стана еден од карактеристичните печати за нејзиниот имиџ.

 

Објавено:
1 јули 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
710 пати