Кралицата Елизабета ќе прослави 65 години на тронот

1 февруари 2017

На 6-ти месецов, кралицата Елизабета Втора ќе стане првиот британски монарх кој ќе го прослави т.н. сафирен јубилеј. Тоа значи дека таа прославува 65 години од поставувањето на тронот.

Сепак, на разочарување на многумина, кралицата била јасна во ставот дека не сака голема прослава. Како велат од кралското семејство, таа ќе го помине денот на приватниот имот во Сандригам и ќе ги избегне сите јавни обврски.

Тоа е така поради што на истиот датум починал и нејзиниот татко, кралот Џорџ Шести.

Кралот Џорџ и Елизабета во 1946

-Важно е да разберете дека за кралицата овој ден е годишнина од смртта на нејзиниот татко. За неа тоа е многу позначајно и секогаш на тој ден сака да биде вон секакво медиумско внимание. Секогаш даваше јасно до знаење дека нејзиното владеење е последица на раната смрт на нејзиниот татко и дека тоа не е ден за славење. Ден пред тоа ќе оди во црква и татко ѝ ќе ѝ биде во мислите. На самиот ден ќе се занимава со документи, но нема никаде да излегува – вели Дики Арбитер, поранешен секретар за медиуми на кралицата.

Сепак, во чест на овој јубилеј и кралицата, ќе бидат дизајнирани специјални комеморативни метални пари, на кои ќе биде изгравирана и реченица од говорот што го даде како принцеза на 21-от роденден во 1947 година: „Целиот мој живот, бил долг или краток, ќе ви биде вам на услуга“.

Објавено:
1 февруари 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
535 пати
Извор: 
Harper's Bazaar