Кралицата Елизабета на насловната на Vanity Fair

1 јуни 2016

Британската кралица Елизабета II е лицето од насловната страна на најновиот број на магазинот Vanity Fair.

Фотосесијата во која кралицата ја гледаме и во едно неформално издание заедно со нејзиното семејство и домашни миленици, ѝ беше доверена на кој друг ако не на легендарната фотографка Ени Лебовиц.

Фотографиите се направени по повод 90-от роденден на кралицата кој таа го прослави во април.

„Најинтересниот момент во оваа фотосесија беше тоа што сите фотографии и приказната што е прикажана преку нив, се идеја на кралицата", вели Лебовиц за Vanity Fair.

Објавено:
1 јуни 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
291 пати