Кралицата Елизабета стана прабаба по деветти пат

10 февруари 2021

Бакингемската палата вчера излезе со соопштение дека принцезата Јуџин, внуката на кралицата Елизабета , на светот донесе мало момче. 

Бебенцето е деветтиот правнук на Нејзиното височество и единаесетти престолонаследник.Името на бебето се' уште не е објавено.

Принцезата Јуџин сподели фотографија на социјалните мрежи. Таа е една од двете ќерки на принцот Ендру и Сара Фергусон. Има 30 години, а во октомви 2018-та стапи во брак со 4 години оостариот Џек Бруксбанк. На церемонијата по повод нивната венчавка присуствуваа 850 гости, меѓу кои пејачот Роби Вилијамс и манекенката Кара Делевињ.

Објавено:
10 февруари 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
980 пати