Кралицата на коњ!

13 ноември 2019

Познато е дека кралицата Елизабета е љубител на коњи, но најновите фотографии од неа ги изненадија сите. 

Имено, кралицата неодамна е фотографирана како јава коњ во дворецот Виндсор за време на „Remembrance Day“.

Откако ја оддаде почитта на паднатите борци во двете светски војни, 93-годишната кралица во придружба направи кратка прошетка на коњ.

Облечена во темен мантил, со чизми, ракавици и марама на глава, а во комбинација со очила за сонце, кралицата Елизабета изгледаше како од филм.

Нејзината појава кај некои разбуди воодушевување, додека кај други насмевка. 

Страста кон коњите и трките е опишана и во серијата „The Crown“, чија трета сезона се очекува месецов.

Инаку, постои податок кој вели дека Елизабета од трики во изминатите 31 година, заработела повеќе од седум милиони и седумстотини илјади фунти. Земала учество на 3.205 трки, а победила на 534. 

Најголем успех остварила во 2016 година, кога нејзините коњи издвојувале победа и ѝ овозможиле заработувачка од 560.274 илјади фунти. Сепак, рекордот се уште е од 1988 година, кога победата ѝ донела 772.815 фунти.

За потсетување, единствениот пат кога на кралицата ѝ е дозволено да носи панталони е токму кога јава. 

 

фото извор:dailymail.co.uk

Објавено:
13 ноември 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
702 пати