По два дена молк: Одговорот на кралицата Елизабета и статистиките за гледаноста

10 март 2021

По два дена молк, Кралицата Елизабета и' се обрати на јавноста со официјално соопштение од Бакингемската палата, во врска со интервјуто кое нејзиниот внук, принцот Хари и сопругата Меган го дадоа за Опра Винфри на 7 март. 

Таа изјави дека некои сеќавања се разликуваат од еден член до друг, но дека целото семејство е тажно што Хари и Меган се чувствувале така за време на нивниот престој во палатата.

Во соопштението, Кралицата се обрати кон двојката со Меган и Хари, некористејќи ги нивните титули.

За многу сензитизното прашање околу обвинувањата на двојката за расизам кон нивниот син Арчи, Кралицата вели дека обвинението е сериозно и дека ќе биде приватно дискутирано. Таа посочува дека Хари, Меган и Арчи секогаш ќе бидат сакани членови на семејството.

Од друга страна, не престануваат реакциите околу споменатото интервју, се прават разни анализи, но излегоа и првите статистики.

Според податоците на американската телевизиска мрежа „Си-Би-Ес", досега повеќе од 49.1 милиони луѓе го погледнале. Претходно беше споделен податокот само за американската публика, а бројката изнесува 17 милиони.

За потсетување, интервјуто на споменатата мрежа се емитуваше во недела, а во понеделник на британскиот „Ај-Ти-Ви" и се' уште е достапен на стриминг платформите.

Од „Си-Би-Ес" велат дека гледаноста е и понатаму висока и дека ќе го реемитуваат во петок, но само во САД.

Инаку, тие потврдија дека двочасовното интервју е најгледано во последната година и повеќе. Не е блиску до „Супер Боул" кој останува да биде најгледаното случување во САД со околу 100 милиони гледачи, а сепак обединило публика од 18 до 49 години во најголем процент.

Ако се набљудува само американската публика, интервјуто е повеќе од двојно погледано од Златните глобуси кои се емитуваа претходната недела (6.9 милиони гледачи).

За потсетување, „Си-Би-Ес" плати околу осум милиони долари за да ги откупи правата за емитување на интервјуто. Цената за реклама од 30 секунди за време на овие два часа почнувала од 325.000 долари.

Ова интевју е погледано од она на Даја Сојер со Брус Џенер, кој всушност ексклузивно во нејзината емисија зборуваше како Кејтлин Џенер и промената на полот, кое имаше 16.9 милиони публика.

Кога се пак, интервјуата на Опра во прашање, ова дефинитивно е едно од најгледаните десест, но ни блиску до она што е на врвот на табелата - интервјуто со Мајкл Џексон направено на 10 февруари 1993 година, кое го гледаа 62 милиони гледачи.

Објавено:
10 март 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
3.769 пати