Кралицата Ранија ја носи најубавата розова комбинација во Белата куќа

26 јуни 2018

Веќе знаеме дека кралицата Ранија од Јордан е една од најубавите и најелегнатни жени во светот, а тоа го докажа и при последната посета на Белата куќа кога одбра неодолива розова комбинација.

За средбата со семејството Трамп во Вашингтон кралицата се одлучи за лежерна кошулка во светла нијанса комбинирана со најубавите панталони што сме ги виделе во последно време, во неодолива розова нијанса.

Комбинацијата таа ја надополни со мини розова чантичка и високи потпетици во слична нијанса. Како и секогаш, таа изгледаше неверојатно шик и елегантна во внимателно одбраната комбинација со која повторно ги воодушеви сите.

Подеднакво прекрасна со кул комбинации беше и за време на посетата на Холандија овој март кога се сретна со уште постилската кралица Максима.

Првата дама пак, за оваа посета исто така одбра стилска комбинација во малку поинтензивна розова боја, комбиниран со високи потпетици.

Извор и фото: Harper's Bazaar

Објавено:
26 јуни 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
3.070 пати