Кралицата Ранија со три елегантни портрети во пресрет на 52-от роденден

25 август 2022

На 31. август, кралицата на Јордан, Ранија ќе го прослави 52-от роденден.

Како најава, традиционално кралицата направи три нови портрети кои само го потврдуваат нејзиниот статус на икона на стилот, која укажува како едноставноста и елеганцијата секогаш одат заедно.

Сите комбинации што ги носи на портретните фотографии се стилизирани од Ердем.

На првата фотографија кралицата покажува женственост и софистицираност, во дводелен свилен сет со панталони во бакарни тонови. На втората носи елегантен, но деликатен фустан кај кој акцентот е на геометриските детали, а на третата е оставен простор за нота на бизнис естетика во тегет комбинација со везови.

Покрај многупати оправданата титула модна икона, кралицата Ранија може да се пофали и со сериозно квалитетно образование. Таа има специјализирано во областа на компјутерските науки и има диплома по бизнис менаџмент. Пред да стане кралица на Јордан, работела во банкарскиот сектор.

Објавено:
25 август 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
494 пати