Креативна соработка на новата пејачка сензација Кајза со модната куќа Фенди

27 мај 2014

Откако нејзината песна Hideaway стана огромен радиски хит, позитивните реакции за нејзиниот стил, пеење и несекојдневниот карактер, никако да стивнат!

Последна во низата соработки на новата пејачка поп сензација Кајза е онаа со модната куќа Фенди, која ја ангажираше пејачката да биде дел од нивното промо видео за новата линија очила за сонце наречени Color Block.

Режисер на видеото е Рут Хогбен, а во истото може да се види како креативната пејачка ужива и се забавува со одличните очила од новата колекција на Фенди.

„Очилата се неверојатно уметнички, а таков е и мојот карактер. Соработката е одлична!“, изјави неодамна пејачката.

Ова не е прв пат за модната куќа да соработува со нови, но креативни и ветувачки музички таленти, како што тоа претходно беше случај со Бет Дито и Ејми Вајнхаус.

Новата колекција очила за сонце од модната куќа ќе бидат пуштени во продажба во јуни, а до тогаш, погледнете дел од видеото и атмосферата од забавата што Фенди ја организираше во соработка со магазинот Грациа во магичниот Кан.

Објавено:
27 мај 2014
Категорија: 
Актуел