Креативното дуо од Белеј ќе премине во Мулбери?

9 јули 2013

Дуото даде отказ пред неколку месеци, а ќе бидат дел од тимот на швајцарскиот бренд се до септември. Според неименуван извор во Лондон, Мајкл и Греам наскоро ќе започнат со работа во Мулбери надевајќи се дека успешно ќе ја продолжат работата на креативната директорка, Ема Хил.

Во меѓувреме, дизајнерот Александар Матиуси и поранешниот заменик претседател на Ралф Лорен Џон Визоне, се во потрага во нов креативен директор за Белеј. Сепак сеуште не е потврдена следната дестинација на Ема Хил, која минатиот месец си поднесе оставка од местото креативен директор на Мулбери по шест години успешна работа. Гласините се дека таа ќе биде дел од британскиот гигантски произведивач на чанти Коач, но информацијата не е потврдена бидејќи Стјуарт Веверс, веќе го превзеде местото на креативен директор во овој бренд.

Објавено:
9 јули 2013
Категорија: 
Актуел