Шпанскиот моден бренд Манго соработуваше со Seat и создаде специјална едиција на градското возило Mii, а истата се очекува да биде претставена на следното издание на 080 Barselona Fashion од 27 – ми до 31 – ви јануари.
Она што е од особено значење е атрактивниот натпревар што го организираат двата бренда, на кој учество можат да земат креативците од целиот свет. Она што треба да го направите е да креирате уникатен моден додаток за автомобилот, што покрај чадорот и чантата од Манго, ќе биде дел од Seat Mii.
Главната награда што ќе ја добие најкреативниот учесник во натпреварот ќе биде токму овој урбан автомобил Seat Mii, a останатите пет финалисти ќе добијат ваучер за купување во продавниците на Манго.
Новиот модел создаден од Seat и Манго доаѓа во две бои – беж и црна и персонализирана надворешност. Во внатрешноста на автомобилот, девојките ќе уживаат во специјалните патосници, клуч со амблем како и закачалка за нивната чанта.
Натпреварот започнува денес и ќе продолжи во следните 5 недели.