Криси Тиген: Стриите не си одат. Ова е моето ново тело!

31 јули 2018

Веќе знаеме дека Криси Тиген редовно објавува фотографии од нејзиниот приватен живот на социјалните мрежи, особено од она како изгледа нејзиното тело после двете бремености.

Таа секогаш е реална и ја прикажува вистинската слика за тоа како мајките изгледаат по породувањето и дека не е толку лесно брзо да се намалат килограмите или да исчезнат стриите кои се добиваат во бременоста.

Заедно со нејзиниот сопруг Џон Леџенд, ќерката Луна и синот Мајлс во моментов тие летуваат на Бали од каде постојано објавува прекрасни фотографии.

Нејзините обожаватели на социјалните мрежи вчера имаа можност да погледнат неколку фотографии од тоа како изгледа нејзиното тело два месеци откако го роди синот Мајлс, а под истите таа напиша:

„Претпоставувам дека стрииве не си одат. Ова е моето ново тело“.

Нешто подоцна, таа објасни зошто решила да објави вакви фотографии на Инстаграм.

„Инстаграм е луда работа. Мислам дека е одлично што сите имаат супер згодни тела и се горди да ги покажат, но не заборавајте како порано изгледаа нашите тела. Исто така, не можам да кажам дека чувствувам целосна самодоверба, не сум уште таму. Сè уште чувствувам несигурност поврзана со моето тело. Само сум среќна што можам да направам другите барем малку да се почувствуваат убаво во своето тело“, напиша манекенката.

Нејзиниот сопруг, музичарот Џон Леџенд, кој постојано ја подржува, во моментов работи на Божиќниот албум, а неговата сопруга сподели и неколку фотографии од него како му пее на малото синче Мајлс.

Објавено:
31 јули 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.271 пати