Кристијано Роналдо прогласен за најзгоден маж во светот

29 август 2014

Последното издание на машкиот магазин „Men’s Health“ на припадничките од понежниот пол им приреди секси насловна со разголеното торзо на славниот фудбалер Кристијано Роналдо. Освен неговите способности со фудбалската топка, магазинот го окарактеризира како славен припадник од посилниот пол кој има најдобри атрибути. Според уредништвото, фудбалерот ги поседува сите потребни карактеристики за да ја освои титулата, а тоа се: сила, брзина, издржливост и фудбалски техники.

Некои од тајните на Роналдо вклучуваат неверојатна издржливост и брзина, бидејќи фудбалерите за еден натпревар трчаат повеќе од 10 километри,  понекогаш со брзина од 33 километри на час. Тој е познат и по силниот шут на топката од 128 километри на час. Во продолжени погледнете го видеото како се изработување едиторијалот за „Men’s Health“.

Објавено:
29 август 2014
Категорија: 
Актуел