Крокс кломпи: Ако мислевте дека не може да се погрди - Баленсијага потврдува дека може

9 јуни 2021

Крокс кломпите се едни од најгрдите некогаш измислени. Но, ако мислевте дека не може да се погрди, модниот бренд „Баленсијага“ потврди дека може!

Најновата соработка што ја имаат со „Крокс“ се кломпи на повисока потпетица.

Да бидеме искрени, личат на играчки или некој недоволно успешен изум. Потпетицата изгледа како гумена шајка, а површинскиот дел е дополнително украсен кај дел од моделите.

Новите модели се достапни во зелена, сива и црна варијанта.

Инаку, ова не е прва соработка помеѓу „Баленсијага“ и „Крокс“, тие претходно ги изменија класичните кломпи, додавајќи им пларформа.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@mon1ka.style)

Новите кроксици чинат 850 долари, а веќе се и продавани, а модните инсајдери велат дека ќе бидат задолжителен „ugly“ моден хит, кој очигледно не им е на сите „ugly“.

 

 

Објавено:
9 јуни 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.027 пати