Кујнски намирници облечени во брендирани амбалажи

26 април 2014

Мароканскиот уметник Педи Мергуи ја претстави својата најнова изложба насловена „Wheat is Wheat is Wheat“, која што е целосно во знакот на карактеристичниот дизајн на познатите брендови и модни куќи на денешницата.

Мергуи, стандардните намирници како брашно, јајца, ориз и кафе „ги облече“ во амбалажата на популарните брендови. Крајниот резултат од интересните спојки беше навистина импресивен, брашното беше спакувано во препознатливиот естетски ракопис на модната куќа Прада, јогуртот се најде во нежна светло сина боја, заедно со логото на најлуксузната куќа за накит Tiffany & Co., а јајцата беа спакувани во црна кутија на која што беше аплицирана глава на медуза, што е заштитен знак на модната куќа Версаче.

Кустосот на музејот за уметност во Сан Франциско оваа изложба ја опишува како приказна со мошне хумористичен и провокативен концепт што е наметнат благодарение на модерното општество во кое живееме и во рамките на кое брендовите што ги поседуваме го одредуваат нашиот општествен статус.

Објавено:
26 април 2014
Категорија: 
Актуел