Куќната помошничка го обвини Тарик Филиповиќ за сексуално насилство

19 септември 2019

Веќе е познат случајот помеѓу Тарик Филиповиќ и неговата куќна помошничка со кои се на суд поради тоа што таа наводно украла злато во вредност од 150.000 куни од домот на семејството.

Но, во интервјуто за магазинот Глорија, Аница Јуриј изнесе нови обвинувања против познатиот актер и водител, односно посочи дека тој ѝ го дал златото со намера да ѝ се извини за сексуалното злоставување.

Jutarnji List

Сосема неочекувано, таа ги изнела овие обвинувања и на суд, како пренесува Jutarnji List, наведувајќи дека актерот сексуално ја нападнал додека таа средувала алишта во заедничкиот дом со Лејла.

„Жената дојде да работи кај нас по препорака, со нас беше неколку години и морам да признаам дека беше навистина вредна. Кон неа се однесувавме со почит и имавме голема доверба, а меѓу другото имаше клучеви и од нашиот стан“, изјави актерот за Глорија.

Gloria

Тој додаде и дека сите обвинувања кон него се само приказни и начин таа да се одбрани, посочувајќи дека не сака да ги коментира таквите невистини.

„Како датум таа го наведе мојот роденден кога стигнав дома од болница по нсреќата во која ме удри автомобил и одев со помош на штаки“, вели познатиот водител кој есенва се враќа на екраните во квизот „Кој сака да биде милионер“.

Cool Style.ba

Тој порача и дека се надева дека ќе добие казна каква што заслужува, а во меѓувреме се јавиле и други семејства на кои наводно, госпоѓата им го направила истото.

Инфо: Tportal.hr, Gloria magazin, Jutarjni list

Објавено:
19 септември 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
787 пати