Купохоличарка добила доживотна забрана за влез во „Зара“

31 октомври 2019

Шпанката Таниа М.А. од Сарагоса е осудена на шест месеци затвор и доживотна забрана за влез во сите продавници на „Зара“ во Шпанија, односно во регионот Арагон.

Таа извршила злоупотреба на правата за враќање на стоката. Имено, Таниа смислила план како секогаш да носи нова облека од нејзината омилена продавница, а да не мора да плаќа постојано. Планот траел 15 месеци, додека конечно не била фатена.

Таниа ќе купела неколку парчиња, после некое време ги симнувала етикетите од новата облека и ги ставала на старата облека од Зара, а потоа барала враќање на парите, под изговор дека облеката не ѝ одговара.

Оваа 32-годишна Шпанка била мошне прецизна во планот, бидејќи знаела и кој бар код со која нијанса на облека кореспондира. 

Локалните медиуми пренесуваат дека со текот на времето почнала многу често да го прави тоа, па после повеќе од година дена им станала сомнителна, за конечно на крајот да ја сфатат нејзината измама. 

“Фактот дека и внатрешните и надворешните ознаки и етикети соодветствувале и беа прецизно поставени на облеката во слична нијанса, покажува дека тактиката и желбата да профитира биле тенденциозни со цел да го опреми целиот гардеробер, а за тоа да не мора да плати ништо, напротив, дури и да добие средства“, пишуваат локалните медиуми.

Дали „Зара“ после ова ќе ја измени политиката за враќање облека или ќе преземе дополнителни мерки за заштита, уште нема информации.

 

фото: Instagram.com; 

 

Објавено:
31 октомври 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
21.614 пати