Ladies Night во Сити Мол: Ревија на костими за капење и долна облека од Минерва

5 август 2014

Во четврток со почеток од 19.00 часот пред влезот на скопското кино Cineplexx во трговскиот центар Сити Мол ќе се случи модна ревија на која ќе бидат претставени костимите за капење и долната облека од сезоната лето 2014 на грчкиот бренд Минерва. Ревијата ќе биде реализирана во рамките на настанот Ladies Night, а летната колекција на Минерва ќе ја претстават моделите на агенцијата Црнокрак.

Минерва ќе награди неколку посетителки со вредносни ваучери и со ВИП - картички за попуст. Инаку, етикетата е добро позната  на македонските потрошувачи и не е новина. За сите вљубеници во удобноста на материјалите и ексклузивниот дизајн, летната колекција 2014 е со попуст до 30%.

 

Објавено:
5 август 2014
Категорија: 
Актуел