Лансирани уште неколку нови модели од колекцијата на Ванг и H&M

11 септември 2014

Германскиот дизајнер Александар Ванг се чини дека си игра со нашата трпеливост. Колекцијата за мажи за жени која тој ја дизајнира за брендот H&M треба официјално да ја доживее својата промоција на шести ноември оваа година.

Меѓутоа дизајнерот користи маркетиншки трикови и буквално ја подгрева неизвесноста, а ја разгорува љубопитноста на публиката лансирајќи по само неколку парчиња од новата линија како еден вид најава за она што следува. Имено, изминатиов период тој објави три фотографии од машката колекција, на кој изминативе денови им додаде уште неколку, а специјално за дамите, дизајнерот одлучи да ја ангажира неговата пријателка пејачката Ријана, која на модната недела во Њујорк се појави во две негови комбинации.

Првата беше спортска креација на кратка топ маичка и тренерки во комбинации со патики и чанта од Гучи, а вториот стајлинг беше дводелна комбинација на ултра кратко здолниште со кратко палто во кралско сина сјајна боја. Изгледот Рири го докомплетира со шапка од истиот материјал и боја како и креацијата и сандали во црвена боја потпишани од Маноло Бланик.

Од досегашните објавени фотографии можеме да констатираме дека акцент на колекцијата ќе биде ставен токму на спортскиот елемент со преовладување на монохроматски комбинации, на кои шармантно е аплицирано впечатливото презиме на дизајнерот, како на облеката така и на модните додатоци.

Дизајнерот предлага нов  „lifestyle“ продукт што треба да експлодира како бомба на модната сцена. Додека да се случи тоа уживајте во дел од фотографиите.

Објавено:
11 септември 2014
Категорија: 
Актуел