Ланвин ги открива плановите за 125 годишнината

14 јануари 2014

Француската модна куќа Ланвин одбележува 125 години постоење во модната индустрија. По тој повод на почетокот на месец февруари брендот ќе го покаже своето богато минато од годините наназад. Воедно, на официјалната страна на Ланвин, фан страната на социјалните мрежи на Фејсбук и Инстаграм како и Пинтерест, ќе бидат објавени досега невидени фотографии и видеа како и оригинални дизајнерски техники. Освен тоа, 225 илјади фанови на најстарата француска модна куќа, секој четврток на официјалната и фан страните ќе може да ја разгледаат историјата на брендот преку книги, магазини, фотографии од патувања преку кои тие се инспирирале за работа.

Исто така, во знак на долгогодишното постоење на оригиналното лого ќе се додадат симболично и годините како број. Освен тоа, од водството на брендот најавуваат и голема изложба во 2015 година.

Објавено:
14 јануари 2014
Категорија: 
Актуел