Лара Стоун го покажа совршеното тело по бременоста во кампања за Калвин Клајн

18 јули 2014

Лара Стоун го покажа своето неверојатно постпородилно тело во одличната, нова кампања на Келвин Клајн.

На една од фотографиите можеме да ја видиме Лара топлес, додека на другите во куса бела маичка и тексас јакна со длабоко деколте.

Иако 30 – годишната данска манекенка самата ќе каже дека за време на бременоста развила огромна љубов кон брзата храна, веднаш по породувањето активно почнала да вежба за да ја врати својата фигура.

Дека тоа навистина се случи, покажуваа и последната фотосесија за Калвин Клајн во која таа изгледа подобро од кога и да е.

Фотосесијата е направена од одличните Мерт Алас и Маркус Пигот, а на истата може да се видат одлични парчиња од последната колекција на брендот.

„Бременоста треба да биде еден од најубавите периоди во животот на една жена. Сите ние постојано слушаме приказни за тоа како жените стануваат прекрасни во бременоста, како се гламурозни и слично, но мора да прифатиме дека реалноста е сосема поинаква. Во мојата бременост, косата ми изгледаше ужасно, постојано се чувствував уморно, немав енергија и можев да изедам сѐ што ќе ми застане на патот“, вели Лара.

Таа признава дека бременоста претставувала вистинско патување за неа и и било многу тешко да ги прифати промените кај нејзиното тело.

„Сега се чувствувам многу среќно и имам огромна самодоверба. Иако сѐ уште сосема не си ги вратив старите килограми, се чувствувам среќна. Секоја минута се радувам што станав мајка. Сѐ ќе се врати во ред тогаш кога ќе дојде време“, вели Лара за крај.

Објавено:
18 јули 2014
Категорија: 
Актуел