Демна Гвасалија, креативниот директор на Баленсијага, знае како да ја шокира јавноста и често го прави тоа.
Последен пат Баленсијага ги избришаа сите објави на нивниот Инстаграм профил со цел да остават простор само за украинското знаме, а со тоа да дадат симболична поддршка на земјата во овие исклучително тешки времиња.
Овојпат пак, стигнуваат лавина реакции во јавноста откако брендот објави нова лимитирана серија од 100 пара целосно „униптени" патики.
Иако се работи за нови модели од колекцијата „Paris Sneaker", патиките чија цена варира од 495 до 1850 долари, се целосно искинати и изгледаат нечисто и износено.
Тоа беше доволна причина во јавноста да се отворат полемики, зошто Балијансијага се одлучиле на ваков чекор и најчесто како „логично" оправдување се посочува дека сепак се работи за маркетинг стратегија.
Но, од брендот ја посочуваат конкретната причина: дизајнирани се за да се носат засекогаш. Односно, вниманието се свртува на одржливата мода, рециклирањето и принципот на „бавна мода".