Легендарната изложба на Меквин конечно во Лондон

12 март 2015

„Лондон е местото каде што ми е срцето и каде што се инспирирам“, со овие  зборови на Ли Меквин, се отвори изложбата насловена како Alexander McQueen: Savage Beauty во Викторија и Алберт музејот во Лондон денеска.

Savage Beauty 1 Vogue 12Mar15 pr_b_426x639

Оваа изложба пред четири години беше главна атракција во Њујорк, а од денеска ќе можат да ја погледнат и сите што се наоѓаат во Лондон. За потсетување, поставката во Метрополитен музејот на модерна уметност се смета за една од најуспешните, а ја виделе преку 700.000 посетители.

„Тука сум за да ги скршам правилата, но да ја зачувам традицијата“ е една од мислите на Александар Меквин што можат да се чујат за време на изложбата, која е распространета низ четири соби во музејот.

Влезниците за изложбата во Британија, што е воедно може да се толкува и како големо враќање на дизајнерот во родната Британија, беа пуштени пред речиси година дена.

Странските медиуми веќе споделуваат фотографии од изложбата посветена на работата на легендарниот Александар Меквин, а ние во продолжение ви претставуваме дел.

 

Објавено:
12 март 2015
Категорија: 
Актуел