Хуманитарната фондација на австралискиот бренд Cotton On, ги здружи силите со Лејди Гага за потребите на нова капсулна колекција.
Целиот профит од продажбата ќе биде наменет за Фондацијата Born This Way, којашто Гага ја основаше со мајка и во 2012 година.
Лимитираната серија на производи ќе вклучува спортски капчиња, тексас јакни, тоте чанти, на коишто ќе биде испечатен слоганот Kinder, Braver, Together.
Целта на соработката е да се подигне свеста за менталното здравје, односно да им се даде надеж и поддршка на сите млади луѓе кои се борат со депресија, анксиозност и слично.
Сите производи се лично моделирани од Лејди Гага која за оваа прилика изјави:
Преку нашето партнерство ги покануваме сите да практикуваат добрина и да научат како да даваат поддршка еден на друг.
Линијата Kinder, Braver, Together ќе биде достапна до 10 октомври, кога се одбележува Светскиот ден на менталното здравје.
View this post on Instagram
Фото: Facebook, Instagram