Лејди Гага и Дом Перињон: Луксузна кампања за хуманитарна фондација

7 април 2021

Лејди Гага и Дом Перињон ги здружија своите луксузно ексцентрични сили, во создавање гламур за подобро утре. Со видео и фотографии ја најавија соработката. Главниот фокус за соработката меѓу пејачката/актерка и луксузната компанија е Dom Pérignon Rosé Vintage 2006, лимитирано издание, спакувано во шише кое Гага го дизајнираше.

Лејди Гага и Дом Перињон ја нарекоа соработката The Queendom, а замислата е мултимедијална кампања, снимена од страна на Ник Најт.

Дел од таа соработка е и видеото кое го презентира Dom Pérignon Rosé Vintage 2006, под наслов Creative Freedom Is Power. Во видеото, Гага носи изгледи создадени од нејзината Haus Of Gaga.

Dom Pérignon Rosé Vintage 2006 ќе биде произведен во само 110 парчиња, а ќе биде продаван на приватни аукции. Средствата од продажбата ќе бидат наменети за Born This Way Фондацијата.

Објавено:
7 април 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
70 пати