Лејди Гага и модел и фотограф за Shiseido

29 декември 2014

Лејди Гага има двојна улога во лансирање на новите козметички производи на јапонскиот бренд Shiseido.

Односно, пејачката покрај тоа што е заштитно лице на кампањата, истовремено е и фотограф. За потребите на козметичката куќа Гага ќе слика 50 селфи фотографии, кои официјално ќе бидат дел од националните и регионални магазини во Јапонија од први јануари 2015 година.

Shiseido се' уште нема утврдено кој ќе биде новото заштитно лице на козметичкиот бренд, но конкретно за празничната кампања, потврди дека истата е наменета само за јапонскиот пазар. Од вкупно 50 фотографии, 46 ќе бидат објавени на први јануари, а останатите во наредните четири денови. До сега е објавена само една фотографија од Гага, со која всушност и се официјализираше соработката со брендот, а по Нова Година очекуваме целосна галерија од фамозната кампања.

Објавено:
29 декември 2014
Категорија: 
Актуел