Лени Кравиц изгледа перфектно во новата кампања на Сен Лоран

24 јуни 2020

Сен Лоран и Лени Кравиц се перфектен спој.

Новата кампања за зимската колекција на брендот во која рок музичарот е заштитно лице, го потврдува тоа.
Интересен и за почит е концептот на луксузниот француски бренд, кој на своите кампањи им дава силен печат преку кастингот во кој често се вклучени рок артисти или пак не толку познати, а талентирани индивидуалци.

Овојпат 56-годишната рок ѕвезда го носи доживувањето на уште повисоко ниво.
Во тесни панталони и горен дел со леопард принт, Лени изгледа како вистинска модна икона (ако на сето тоа го додадеме и неговиот егзотичен изглед, резултатот е перфектен).

Објавено:
24 јуни 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
680 пати