Ликот на Блаже Конески на поштенска марка во 6.000 примероци

6 април 2021

Македонскиот книжевен и јазичен великан Блаже Конески се најде на поштенска марка во 6000 примероци.

По повод 100 години од неговото раѓање, АД ,,Пошта на Северна Македонија" го обележи јубилејот со издавање на поштенска марка со ликот на Блаже Конески. 

Поштенската марка е илустрирана со потретот на писателот Конески, уметничко дело на академик Димитар Кондовски. 

Промоцијата на поштенската марка се случи во дирекцијата на поштата, а е дел од програмата на манифестацијата ,,2021 - Година во чест на Блаже Конески", под покровителство на Претседателот, Министерството за култура и Министерството за образование и наука. 

Во вредност од 72 денари, поштенската марка со ликот на Конески може да се најде во Бирото за филателија во Пошта 2 во Скопје. 

Објавено:
6 април 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
112 пати