Ликот на Дејвид Боуви на банкнота од 20 фунти?!

15 јануари 2016

Обожавателите и почитувачите на Дејвид Боуви во Британија, а потоа и ширум светот покренаа петиција за ликот на уметникот да се најде банкнотата од 20 фунти, која треба да се смени во 2020 година.

Петицијата за помалку од 24 часа има преку 12.000 потписи, а бројката сè уште расте.

За потсетување, за замената се дискутира за првпат отворено и вклучена е и пошироката јавност. Марк Карни, гувернерот на Банка на Англија, во мај месец најави дека за замена доаѓаат предвид писатели, сликари, керамичари, дизајнери, архитекти, филмски уметници и сите други креативци кои ја „задолжиле“ Британија.

Тогаш сите типуваа на тоа дека ликот на дизјанерот Александар Меквин е еден од фаворитите да го смени економистот Адам Смит, кој на банкнотата е од 2010 година.

Александар Меквин

Изборот е завршен во јули месец, но обожавателите се надеваат дека Карни сепак ќе ја земе петицијата предвид и ќе направи исклучок.

Сајмон Мичел, кој всушност и  ја покрена петицијата, му се обрати и писмено на гувернерот:

„Не можеме да се сетиме на подобар начин да му се оддаде чест на Дејвид Боуви кој почина на 10-ти јануари 2016 година од тој неговиот лик да се најде на новата банкнота од 20 фунти. Неговата музика има важно влијание во животите на многумина од нас. Неговата визуелна уметност и чувство на карактерите донесоа нова комбинација на музика, перформанс и визуализација во мејнстрим културата“, вели тој во писмото.

Од Банката на Англија сè уште нема одговор, но потписите и понатаму се собираат тука.

Инаку, ова не е единствената петиција во чест на Боуви. На сајтот Change.org постои и онаа покрената од Дени Распкалион, која досега ја поддржуваат околу 4.000 луѓе што сакаат планетата Марс да биде преименувана во Дејвид Боуви.

Објавено:
15 јануари 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
309 пати