Лила во сензационален роденденски стајлинг од Елена Лука го прослави 49-от роденден: Си ги сакам годините!

15 октомври 2020

Лила блесна на прославата на својот 49-ти роденден!

Да, буквално блескаше и со широка насмевка и со добра мисла, со убавина и во сензационален холивудски стајлинг што комплетно го потпиша Елена Лука, брендот кој долги години се грижи за нејзиниот сценски, професионален, но и приватен имиџ. Вистинско пријателство кое се покажа како тандем што беспрекорно функционира низ годините.

А годините кај Лила се само бројка и ништо повеќе од тоа. Тоа го покажа и со првото добредојде за 49-ката! Носејќи го на себе гламурот на стариот Холивуд што само Елена Лука знае како да го скрои за неа, нашата позната водителка уживаше во својот момент и во својот ден – затоа што, како што ќе каже и самата, животот е краток и секој ден заслужува да се слави.

„Како и секогаш, мојот роденденски изглед е дело на најдобрите", напиша Лила во објава на Инстаграм поздравувајќи ги своите долгогодишни соработници и пријатели, модниот бренд Елена Лука.

 

Ексклузивната креација што специјално за овој убав повод ја дизајнираше г-ѓа Елена Лука, дамата визионер, лидер и фантастичен креативец, е слика на врвниот ретро холивудски гламур, доведен до совршенство. Во нежно розова боја, со светкави реси што даваат акцент на луксузниот изглед, Лила изгледаше како од бајка.

Лила и г-ѓа Елена Лука, фотосесија за колекцијата венчаници „Wedding construction“  

„Ти си моја муза, наша инспирација. Задоволство е човек да те има како пријател и соработник! Професионалец до максимум, ведар дух и големо срце. И знаеш како да ја носиш екстравагантноста на Елена Лука. Те обожуваме и сакаме! Среќен роденден драга Лила, остани секогаш со ведра насмевка и убава мисла" ѝ посака г-ѓа Елена Лука, генерален менаџер и водечки дизајнер на докажаниот моден бренд, заедно со тимот.

 

Лила пак, во својот препознатлив фазон им се заблагодари на своите пријатели и фанови за честитките, преку објава на нејзиниот Инстаграм профил, проследена со неколку одлични фотографии.

 

 „Отворам очи сабајлево ... и бум ... 49 години. Па добро си викам .. не се 100, летаат годиниве, летаат ко минути и така драги луѓе среќна што сум здрава и жива сфаќам колку си ги сакам годините со сѐ што поминало низ нив. Какви и да се мој си се и не би се вратила ни година наназад. Секоја доба своја убавина и ако бирам меѓу младост и мудрост го бирам второво. Ама што има тука да се бира .... тоа е животот. Ќе уживам и ќе се смеам се дур имам заби и еве вака ќе се качувам по маси да се сликам дур имам вакви нозе. Краток е животот драги мои затоа да го уживаме максимално, и во лошото да наоѓаме добро, да си го гледаме својот двор, да шириме позитива и љубов , да си помагаме да се сакаме, а сега е најбитно да останеме здрави, живи и безбедни. И фала Ви на безбројните убави пораки кои ми пристигнуваат на постовите и во пораки ако не стигнам да Ви вратам еве овде ќе го направам тоа и бескрајно БЛАГОДАРАМ за поддршката која толку години ме држи тука околу вас и заедно со Вас...", искрено и ведро Лила и се обрати на јавноста по повод роденденот.

Ваквата убава мисла и ведар дух заскогаш да ти бидат сојузници, среќен роденден Лила!

Во фото галеријата во продолжение се потсетуваме на уште неколку фантастични изданија на Лила стилизирана во Елена Лука.

Објавено:
15 октомври 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.515 пати