Линда Евангелиста влезе во „plus – size“ стандардите

22 септември 2014

Поранешниот супер модел и икона на 90 – тите години, убавата Линда Евангелиста периодов доста се промени визуелно. Пред само еден ден таа се појави на свечената вечера која Франка Соѕани ја организирaше во рамките на модната недела во Милано, по повод 50 – годишнината од постоењето на италијанското списание Vogue. Од фотографиите може да се забележи дека нејзината тежина е значително зголемена. Пред некој ден пак папарацо фотографите ја „уловиле“ на улица додека била во  шопинг. Од приложените фотографски кадри може да се забележат румените образи и нејзиното заоблено лице, како и зголемениот обем во струкот.

Но  сепак таа има 49 години и уште од 1998 се откажа од манекенството, со пар повремени ангажмани по 2001-та. Инаку, супермоделот има беспрекорно модно портфолио, а на насловните страни на списанија се појавува  во преку  седумстотини  едиции.

Последната кампања што оваа канадска манекенка ја снимаше е за козметички производ, пудра со лифтинг ефект потпишана од Долче и Габана. Видеото беше лансирано на трети септември, а овде може да се види дека Евангелиста нема значителни знаци слични  на моменталниот изглед. Што се случило во меѓувреме, останува да видиме.

 

 

Објавено:
22 септември 2014
Категорија: 
Актуел