Линда Пунтер е новата plus size манекенка на АSОS

24 јули 2014

Брендот АSОS во соработка со Models 1 неодамна организираше натпревар за plus size модел. На изборот се пријаија илјадници девојки, а конкуренцијата успеа да ја победи Лорен Пунтер и потпиша договор за ASOS Curve фотосесија и сертификат со која ќе може да купува од брендот што го претставува.

Ова е нејзино прво искуство од овој тип, а дури и се двоумела дали да се пријави.

-Се пријавив на финалниот ден, не знам дали тоа ми донесе среќа. Сметав дека тоа е одлична можност. Го слдев овој натпревар на Models 1 веќе извесно време и видов каков тип на модели тие презентираат. Исто така, во ова видов одлична можност за отворање на нови врати за девојките како мене. Отсекогаш сум гледала Americas Next Top Model. И секогаш дома се преправав дека сум манекенка која чекори по писта. Се огледував во тие девојки, иако јас имав друг облик на тело. Но, отсекогаш сметав дека е фантастично да се биде модел и колку неверојатна кариерата би била - вели Лорен.

На прашањето, дали себе си се смета за plus size и што смета таа за овој термин, вели:

-Па ќе бидам искрена и ќе речам дека повеќе ми се допаѓа терминот „девојка или жена со облини“, па токму и за таков модел се сметам.

Во однос на понудата на облека за оние што носат големи броеви, Лорен смета дека таа се зголемува.

-Кога растев, не беше воопшто забавно да се биде крупен, а и брендовите немаа понуда за луѓето или децата во тоа време како мене. Но сега, за среќа работите се менуваат. А со самото тоа што јас станав модел за таков тип на облека, за мене е сосема неверојатно и лудо.

Нејзината облека е најчесто во црна боја, а се труди да го практикува минималистичкиот стил и покрај тоа што обожува да носи што повеќе аксесоари.

А инспирацијата ја наоѓа во Бијонсе.

-Таа е индивидуалец, која отсекогаш имала облини и ги нагласувала. За мене, Бијонсе е безвременска, има природна убавина и секогаш изгледа одлично.

Објавено:
24 јули 2014
Категорија: 
Актуел