Љубовен базар во „Љубов“

24 април 2015

Во сабота ( 25. април), со почеток во 12 часот на пладне ќе се одржи четвртиот по ред Љубовен базар на рачно изработени уникатни предмети и накит.

Мотото на настанот останува непроменето: #SupportТheАrtist, а целта е да им се овозможи на младите уметници и креативци можност да ја промовираат својата работа и да претстават дел од своето творештво.

Базарот ќе трае до 18 часот и ќе биде надополнет со многу музика и дружење.

Објавено:
24 април 2015
Категорија: 
Актуел