Љубовен базар Vol.5
•
14 мај 2015
Љубовниот базар на уметнички ракотворби што се одржува во кафулето „Љубов“, преминува во традиција и е наша омилена викенд дестинација.
Претстојната е токму таа сабота во месецот, посветена на младите и креативни уметници и занаетчии кои во рамките на базарот ќе ги изложат своите ракотворби.
Почетокот е закажан за 12 часот, а на репертоарот ќе биде петтиотт по ред Љубовен базар на рачно изработени уникатни предмети и накит, кој се оддржува под мотото #SupportТheАrtist.
Идејата зад базарот е да им се овозможи на младите уметници и креативци можност да ја промовираат својата работа и да претстават дел од своето творештво.
Базарот ќе трае до 18 часот и ќе биде надополнет со многу музика и дружење.