Љубовните писма на Монро на аукција

13 ноември 2014

Целата колекција содржи повеќе од 300 предмети, меѓу кои се писмените дописи на актерката со Кларк Гејбл, Кери Грант, Џејн Расел, нејзиниот трет сопруг Артур Милер и вториот сопруг Џо Димаџио, со кого Монро се омажи и разведе истата година.

Едно од највпечатливи љубовни писма, кои се дел од нејзината колекција, се оние од Џо Димаџио и тоа во периодот кога Мерилин поднела барање за развод. Во едно од писмата, тој ја моли за втора шанса пишувајќи – „Те сакам и сакам да бидам со тебе. Би сакал да можам да ја вратат твојата доверба во мене“.

По нејзината смрт во 1962 година, Дерен Џулиен истакна дека се што поседувала Монро може да достигне вредност до милион долари, па дури и повеќе. Организаторот на аукцијата Мартин Нолан, признал дека му требале девет месеци за да ги организира сите парчиња, истакнувајќи дека го трогале интимните, љубовни писма, кои се одраз на нејзиниот карактер и личност.

Антологијата, која досега била чувана од страна на близок човек на Ли Стразберг - професорот по глума на Мерилин, ќе биде изложена за нејзините фанови во галеријата Беверли Хилс, каде ќе стои 4 дена, а потоа ќе биде дадена на аукција, на 5-ти и 6-ти декември.

Преземено од Vogue
Објавено:
13 ноември 2014
Категорија: 
Актуел