По ревијата на „Ив Сен Лоран“, светкавите чизми станаа вистински хит. Популарноста уште повеќе се зголеми откако Ријана ги носеше, а ги видовме и на ревиите на „Шанел“, „Мисони“, „Исабел Маран“. Нова димензија на овој тренд му даде Лубутан.
Стилистката Саманта Мекмилен, која се грижи за стилот на Ели и Дакота Фенинг, ги покажа на својот Инстаграм профил и сите веднаш полудеа по нив.
Чизмите се металик златни, но потоа кога ќе поминете со раката по нив, стануваат шарени (микс на зелени, црвени, розови и златни бои), што ви создава впечаток на магија.
Ниту брендот, ниту дизајнерот Лубутан досега не сподели официјални информации за името на моделот и цената. Неофицијално, светските модни медиуми велат дека ќе бидат достапни кон средината на следниот месец.
Имајќи ја предвид заинтересиранота и бројот на прегледи на видеото на Мекмилен, не се сомневаме дека токму овој модел ќе биде еден од најпродаваните на „Лубутан“.