Елена Лука 70% попуст: Lucky Friday во Вашиот омилен бренд

12 ноември 2020

Утре е нашиот среќен петок и одличен ден за шопинг!

Со фантастичен попуст до 70% ќе може да ги набавите Вашите омилени парчиња од дел од ексклузивната понуда на Елена Лука, во рамките на кампањата Lucky Friday.

Попустите може да ги искористите и при онлајн нарачките, како и во продажба во ателјеата на брендот.

Со оглед на реномираниот дизајнерски програм на Елена Лука, изборот на трендовски парчиња е неодолив.

Може да бирате од богатата понуда на урбани и модерни модели на кошули, панталони, џинс, бомбер јакни, кошула-фустани, блејзери, фустани, здолништа, како и модни додатоци...

Вистинско време да се подновите со дизајнерски парчиња што ќе му дадат посебен стилиски израз на Вашиот имиџ.

Посетете ги ателјеата на Елена Лука, како и онлајн продавницата на брендот и уживајте во неповторливото шопинг искуство!

Објавено:
12 ноември 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
646 пати