Луј Витон е најмоќниот моден бренд

22 мај 2015

louis-vuitton

Форбс неодамна ја соопшти листата на 100-те најмоќни и богати брендови за 2014. На самиот врв се компаниите за технологија (Apple, Microsoft, Google), а меѓу првите 20 се наоѓа и еден моден бренд.

Се работи за Луј Витон, на кој му припадна 14-тото место.

„За Луј Витон 2014-та беше година со силни креативни моменти и успеси,  а преку претставување на нови продукти“, велат од брендот.

Дури 19 места после Луј Витон, на 33-тото место се наоѓа шведскиот уличен бренд, H&M, кој во прва четвртина од годинава оствари 36% повеќе од овој период минатата година. Гучи се наоѓа на 42-то место, Ермес на 51-во. Картие е на 55-то, а Зара на 58-то место. Ролекс се најде на 68-то, додека Прада е на 74-тото место меѓу 100-те најбогати. Зад неа се и Шанел на 85-тото, како и Ралф Лорен и Таргет на 89-тото, односно 92-то место.

Инаку, оваа листа на Форбс опфаќа компании од 15 земји и 20 индустриски категории.

Објавено:
22 мај 2015
Категорија: 
Актуел