Луј Витон е најскапиот глобален моден бренд

11 ноември 2014

1bc2bde9f53b28586fe617df6ebcff7d_large

Според годишниот извештај Best Global Brends, најскапиот моден бренд е Луј Витон, со вредност од  22,552 милиони долари. И покрај тоа што е единствен моден бренд во првите 20 места, вредноста на Луј Витон е опадната за 9%. На првото место е Apple и ова е втора година по ред како го победува Google во конкурецијата за највредните брендови на светот.

Вредноста на брендот се оценува според три критериуми: работата со финансии, влијанието на потрошувачите и дали брендот може ја покачи цената на своите производи.

Третото место ѝ припаѓа на Coca Cola,  додека во првите 20 места, е модниот бренд Луј Витон, кој се наоѓа на 19-тото.  На 21-вото место е H&M,  Nike на 22 –рото,  Zara е на 36-тото. На 41-вото место се наоѓа Гучи, а меѓу 50-те најскапи е и Hermes (на 46-тото).

Целосната табела можете да ја погледнете овде.

Објавено:
11 ноември 2014
Категорија: 
Актуел