Луј Витон оди за Монако

20 март 2014

louis-vuitton-2013-0 (1)

Модната куќа Луј Витон својата ресорт колекција, идеална за летните денови ќе ја претстави во Монако. Од тимот сметаат дека ова е идеалното место за претставување на новите парчиња, кои пак, ќе бидат дизајнирани од новиот креативен директор Никола Гескјер.

Изгледа дека со овој чекор се покажува дека модната куќа повторно става акцент на ready-to-wear парчиња, што е и еден од причините поради кои го вработија токму Гескјер.

Најпозната по грандиозните презентација на ресторт колекциите е Шанел. Во декември минатата година, дизајнерот Карл Лагерфел ја прикажа колекцијата со наслов Metiers d'Art, , полуксузна од класичната прет-а-порте, а сепак попрактична од колекциите од Висока мода, а за тоа го одбра градот Далас. Пред тоа, Шанел остави своја трага и во Шкотска, Сингапут, а нивната следна дестинација е Дубаи.

Мошино го посети Шангај лани, а Венеција ќе биде градот во кој Дизел ќе ја претстави новата колекција следниот месец. Со оглед на најавите, не очекуваат интересни модни приказни во претстојниот период.

Објавено:
20 март 2014
Категорија: 
Актуел