„Луј Витон“ се подготвува за ревија во Рио де Женеиро

16 април 2016

Да, добро прочитавте, најновата ревија за ресорт колекцијата на брендот „Луј Витон“ ќе се одржи токму во Рио де Женеиро.

Дизајнерите посебно се трудат при организирањето на презентацијата на овие колекции, па не случајно се одбираат места што се архитектонски мошне интересни или се полни со егзотика.

Конкретно, ревијата на „Луј Витон“ ќе се одржи во „Музејот за современа уметност“ во областа Нитерои (околина на Рио де Женеиро), интересен поради необичната форма, поради што го нарекуваат и „летечки тањир“.

Инаку, модното шоу на брендот ќе биде првото некогаш одржано во музејот. Постои и коинциденција што уште повеќе ја крева возбудата - музејот оваа година ја прославува 20-тата година од постоењето, а ревијата на „Луј Витон“ само дополнително ќе влијае на одбележувањето на јубилејот.

Ова е доволна причина сите со нетрпение да го очекуваат најновото од оваа модна куќа закажано за 28-ми мај.

Објавено:
16 април 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
239 пати