Тимот на гигантот Луј Витон ја сфаќа важноста на грижата за своите клиенти за време на пандемијата, па од тие причини изнајдоа решение за оптимизација на малопродажното искуство.
Од модната куќа ја најавија мобилната продавница која го носи името LV by Appointment, а станува збор за подвижна продавница со целосен постава вработени кои умиверзумот на Витон ќе го донесат до домовите на клиентите.
View this post on Instagram
Со претходно закажан термин, мобилната продавница се паркира пред домот на клиентот, кој внатре ќе може да најде производи од различни категории со потпис на брендот: женска и машка кожна галантерија, конфекција, чевли, додатоци, рачни часовници и парфеми.
Во секој момент во продавницата ќе можат да влезат до 3 лица, а продавницата патува низ Лос Анџелес од февруари до април.