Луксузен диско сјај од новата круз колекција на Џими Чу

13 октомври 2014

Спојот од ѕвезден сјај, сексапилен модел и врвен уметник резултираа за одличната најнова круз колекција на универзално обожаваниот бренд Џими Чу која вклучува капсулно издание на клач чанти, сандали и елегантни чевли на високи потпетици. Не требаше да помине многу време за официјалната промоција на колекцијата, зад која се потпишува британскиот уметник Мет Колишо.

 

Сјајните и секси обувки во комбинација со малите чанти во рацете на манекенката Ондрија Хардин изгледаат неодоливо привлечно и поттикнувачки кон отворење на женските апетити. Препознтливиот дизајн на Џими Чу се провлекува низ сите модели, но  најспецифична е светкавата металик текстура, луксузните детали, ресите и впачатливите бои како силна црвена, неколку нијанси на зелена, класичната црна и металик сива.

 

Малите клач чанти во цилиндар и квадратна форма на некој начин се трофејот од рекламната кампања, а истите ги следи сличен дизајн од израборот на текстури со што тие се совршен спој како заеднички пакет.

Објавено:
13 октомври 2014
Категорија: 
Актуел